Успешни приказни

Неговите предавања и енергија се толку заразни, човек веднаш е инспириран да направи барем минимални промени ... сите совети применети во пракса ги носеа резултатите кои ги посакував!

Прв пат Сашко го запознав во 2016 година кога во компанијата која работеше на продажба на високо квалитетни суплементи во исхраната, со која соработував, бараше експерт од областа на нутрицинизмот да ни помогне во работењето. На секоја презентација (а, ги имаше многу), Сашко беше целосно внесен и посветен на тоа да помогне во кревањето на свеста на луѓето за здрав начин на живот. Впрочем, во една работилница која траеше околу 90 минути (а, само 10 минути беа посветени на производите), Сашко објаснуваше за причините кои доведуваат до намален имунитет, стрес и различни болести, и како тоа ние да се насочиме кон превентива... Ок, тоа можеби го можат повеќето нутриционисти, но има неколку работи кои го издвојуваат Сашко над сите нутриционисти кои ги познавам... Сашко толку детално објаснуваше, што и најнеукиот човек на планетава би разбрал што значи здрав начин на живот и како да направи потребни промени за да живее на здрав начин. Тој тоа го прави толку природно и со љубов, што кога зборува за тоа има јасно видлива искра во очите... Тоа е толку заразно, човек веднаш е инспириран да направи барем минимални промени. На секој човек присутен на работилниците Сашко ја пренесуваше таа вибрација и секому му посветуваше еднакво внимание. Не видов ниту еден човек да замине од тие работилници, а да не биде побогат со вредни животни знаења и да не беше заразен од искрата во очите на Сашко. Тоа што исто така е важно, Сашко со сопствен пример докажува дека сето тоа што го пренесува како знаење е вистина. Дефинитивно изгледа како некој кому би му ја дарил својата доверба за да биде мој личен нутриционист. Професионалната соработка дефинитивно ме донесе до одлука Сашко и навистина да биде првиот човек кому ќе му се обратам кога ќе имам било какво прашање во врска со нутриционизам. Тоа некогаш беше совет за намалување на телесните масти и зголемување на мускулната маса, некогаш беше совет наменет за моите блиски, некогаш совет за што да исфрлам и што да додадам во исхраната за да постигнам одредена цел... Но, сите совети применети во пракса ги носеа резултатите кои ги посакував. Сашко е дефинитивно полн со знаење од областа на нутриционизмот, и секогаш го надградува своето знаење и кога работи со луѓе, веднаш се чувствува дека тој тоа не го прави само како работа, туку го прави со огромна љубов и јасна визија како да се крене свеста на луѓето за поздрав начин на живот. Го препорачав Сашко на мои блиски пријатели кои имаа одредени здравствени проблеми и сите тие го делат истото мислење со мене за неговиот професионализам. Без сомневање, со 100% сигурност, го охрабрувам секој човек да се консултира со Сашко за било што од областа на нутрицинизмот и верувам дека баш секој ќе ужива во работата со него. Јас имам лична филозофија да бидам окружен со експерти од сите животни области, а мојот ‘Мастер’, Сашко, е дефинитивно еден од луѓето кои ги сакам во мојот најблисок круг.

Д.Р. од Скопје

Применетата диета за автоимуни болести доведе до елиминација на речиси сите симптоми и тегоби после само неколку недели примена!

Ги користев консултанските, нутриционистички услуги на Сашко Дрвошански за специфично автоимуно заболување за кое за жал стандардната медицинска услуга кај нас беше без одговори и можност да помогне. После темелно проучувања на состојбата, наведените симптоми и реакции Сашко ми постави детална диетотерапија кон која се придржував доследно. Применетата диета за автоимуни болести доведе до елиминација на речиси сите симптоми и тегоби после само неколку недели примена. Дополнително, попатно успеав да ослабнам неколку килограми кои ми пречеа подолго време. Благодарение на диетотерапијата на Сашко се чубствувам одлично и во целост би го препорачала на секој оној кој има потреба да си го подобри сопственото здравје.

Н.А од Скопје

Неговата главна карактеристика како професионалец е темелноста. Кога човек има прашање или дијагноза, Сашко ем ќе му го даде решението ем ќе го едуцура!

Во овие две години како што го познавам Сашко, низ нашата интензивна соработка запознав човек со огромен ентузијазам за својата област, човек богат со многу знаења, информации и сознајби од последните светски истражувања. Неговата главна карактеристика како професионалец е темелноста. Го консултирав со цел добивање на препораки за исхрана за бодибилдинг и добивање на мускулна маса, како и за потребите од одржување на општото здравје. За било кое прашање или состојба, Сашко ем ќе го даде решението ем ќе едуцура. Секогаш дава концизно, а сепак темелно објаснување зошто работите се онакви какви што се'. Затоа, Сашко за мене е човек од највисока доверба по прашање на моето здравје и избори во исхраната!

И. А. од Скопје

Во рок од само неколку недели нивото на шеќер во крвта ми се стабилизираше од 18 на просечни 6.5 ммол/Л...одамна не сум се чувствувал вака добро и не сум имал повеќе енергија!

Сашко Дрвошански го запознав случајно по препорака од пријател. Имав нерегулирани, високи нива на шеќер во крвта кои несакав да ги регулирам со помош на лекови и терапија, туку да се обидам на природен начин. По анализата на моите резултати и добивањето на сите информации поврзани со моето здравје, начин на исхрана и животни навики Сашко изготви програма која вклучуваше детално структуиран режим на исхрана со вклучени препораки за потребните суплементи и промените во начинот на чивот. Јас темелно и ригорозно ги следев наведените препораки и во рок од само неколку недели нивото на шеќер во крвта ми се стабилизираше од 18 на просечни 6.5 ммол/Л. Многу ми значеше редовната комуникација и консултација со Сашко околу се она што за мене значеше новина, непозната храна или начин на подготовка... секогаш и во секое време беше спремен да одговори на моите прашања и да даде поттик да се истрае. Одамна не сум се чувствувал вака добро и не сум имал повеќе енергија! Од се срце го препорачувам Сашко на секој оној кој има потреба да си го поврати здравјето.

З.М од Берово

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.