Мојата визија

Мојата визија

Во минатото, долго пред модерната наука да ги потврди биолошките концепти на природата и биохемиските реакции во човековото тело, нашите предци знаеле да го лекуваат и исцелат човековото тело и ум и мудро „ја користеле храната како лек и лекот како храна“. Денес, од физиолошки аспект знаеме дека секое човечко тело е составено од интегрирани органски системи кои работат во деликатна синергија, баланс и поддршка со цел да го овозможат животот и нашата благосостојба. Но, секоја индивидуа е различна, со различни генетски предиспозиции, сопствена историја на здравјето и единствени влијанија од животната средина и начинот на живот. Затоа, и покрај тоа што на сите им е потребна добро избалансирана исхрана, која ќе ги обезбеди барањата на човековиот метаболизам, секој од нас има индивидуални диететски потреби кои се однесуваат на специфичните предизвици на нашето здравје и кои му даваат поддршка на лично избраниот начин на живот. 

За жал, класичната медицина денес повеќе се фокусира на интервенција отколку на превенција, концентрирајќи се на симптомите наместо да ги бара причините за појавата на болеста! Мојата цел е да им помогнам на луѓето, да ги едуцирам и да ги водам да следат докажани натуропатски стратегии засновани на консумација на интегрални природни намирници кои ги обезбедуваат енергијата, информациите и структурните елементи неопходни за обнова на природниот физиолошки и енергетски баланс на човекот со цел да има здраво тело без болести, полно со виталност и предиспозиција за долговечност. Сакам да ги предизвикам и да ги мотивирам да ја откријат сопствената внатрешна сила за да направат стабилни промени во своето здравје и добросостојба, да ги поттикнам и да ги охрабрам  да го следат патот кон здрав живот којшто може да го достигнат, да го одржат и на кое можат да му се радуваат со целото свое битие. Сето ова може да се оствари само со користење на основните, научно докажани принципи на интегративната медицина и нутриционизмот, применети во персонализирани режими на исхрана и промени во начинот на живот кои одговараат на личната историја на здравјето и предизвиците на клиентот.

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.