Малигни болести

ПРОГРАМА ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

torzo

Со околу 9 милиони смртни случаи годишно на светско ниво канцерот претставува една од најчестите причини за смртност во сите развиени земји. И покрај постојаните медицински истражувања, развојот и тестирањето нови лекови и конвенционални медицински третмани, бројот на лица што се новодијагностицирани, оние што моментално се лекуваат или умираат од некоја форма на канцер е во постојан пораст.

Науката денес потврдува дека помалку од 15 отсто од сите видови канцер имаат докажана генетска основа. Ова укажува на фактот дека најголемиот број различни видови и форми на канцер се должат на метаболните абнормалности односно дисфункцијата на клеточниот метаболизам, продукцијата на клеточна енергија и неуспешниот имун одговор. Денешниот хаотичен начин на живот исполнет со секојдневен стрес, зголемен број загадувачи на воздухот и водата, а пред сè на земјоделските производи што ги консумираме, заедно со модерните прехранбени навики за консумација на многу шеќер, вештачки состојки и големи количини процесирана храна, постојано ги напаѓаат клетките во нашите ткива и го нарушуваат нашиот метаболизам, создавајќи токсична средина во организмот која овозможува да се создаде и да се развива канцер.

Дали вам или на некого од вашето семејство му бил дијагностициран канцер, се оперирал од некој вид канцер или примал конвенционална терапија за канцер како хемотерапија или радијација, тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА е за вас?

Начинот на живот, а уште повеќе секојдневниот избор на храна може да го помогне или да го спречи создавањето канцер во вашиот организам! Оваа програма ве учи како да креирате тело отпорно на болести со функционален имун систем кој го спречува создавањето канцер или неговата повторна појава. Програмата за малигни заболувања најпрвин се фокусира на елиминацијата на сите тригери и предизвикувачи на оксидативен стрес од животната средина и исхраната, кои го оштетуваат човечкиот организам. Паралелно на ова, таа помага организмот темелно да се исчисти од сите токсини, да се регулира и да се избалансира нивото на шеќер и киселост во ткивата и да ја хидрира и оксигенизира секоја клетка, што е основниот услов кој е потребен за обновување на здравиот клеточен метаболизам. За крај, програмата ги обезбедува сите витални нутриенти потребни за оптимална клеточна респирација и продукција на енергија во секоја клетка, што ги регенерира клетките и создава здраво ткиво во кое е тешко да се создаде канцер.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82.

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.