Детоксификација

ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА

crn drob

Загадената животна средина и загадената храна резултираат со загадени организми. За жал, живееме во свет на опасно загадена животна средина, во која токсичните тешки метали, пестицидите и другите хемикалии постојано го загадуваат воздухот, водата и ланецот на нашата исхрана. Дури и во сопствените домови сме опкружени со токсични материјали. Испарувањата од мебелот, од ѕидовите, од пластиката, од козметиката и од средствата за чистење ослободуваат токсини кои навлегуваат во нашето тело и се акумулираат во ткивата. Дополнително, денес повеќе од кога било храната која ни се нуди е загадена со антибиотици, супстанции кои го стимулирираат нивниот раст, но и токсични адитиви, како на пример вештачки бои, вештачки ароми, засладувачи и конзерванси. Континуираното изложување на овие токсини ја оптоварува и ја поттиснува природната способност на нашето тело да се детоксифицира и да функционира со полн капацитет. Таквата состојба е огромен товар за сите наши ткива и предизвикува оксидативен стрес, пореметувајќи ја клеточната сигнализација, транспортот и продукцијата на енергија, што резултира со појава на хронични системски инфламации.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Постојано се чувствувате успорено и заморно;
  • Хронично сте без енергија и преморени;
  • Неочекувани промени во расположението;
  • Проблеми со кожата, исипи и алергии;
  • Дигестивни проблеми како подуеност, грчеви;
  • Опстипација или дијареја;
  • Тежина ви се зголемува и тешко го губите вишокот килограми;
  • Чувствувате дека метаболизмот ви е успорен;
  • Чувствувате замаеност и имате проблеми со меморијата и фокусот...

 и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА е за вас?

Оваа програма е составена од два дела. Првиот дел има за цел да ве научи успешно да ги идентификувате и да ги елиминирате токсините и загадувачите од вашата животна средина и од исхраната. Истовремено, вториот дел од програмата ве учи правилно да ги комбинирате оброците и виталните нутриенти што ги потикнуваат и ги зајакнуваат детоксификациските механизми на органите. Успешната и целосна детоксификација на организмот е многу повеќе од зголеменото хидрирање со вода и зелени сокови или подобрената ефикасност во празнењето на цревата. Таа бара структуирана активација на детоксификациските метаболни патишта  во повеќе различни органски системи, по специфичен редослед што обезбедува целосно отстранување на токсините и обнова на клетките и ткивата.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.