Дигестивни нарушувања

ПРОГРАМА ЗА ДИГЕСТИВНИ НАРУШУВАЊА

zeludnik

Лошите диететски навики, постојаното конзумирање процесирана храна преполна со адитиви и загадени земјоделски производи го изложуваат нашиот дигестивен систем на голем стрес. Таквата исхрана, во гастроинтестиналниот тракт создава воспаленија што ја нарушуваат дигестијата и ја инхибираат целосната апсорпција на нутриенти – создавајќи средина во која патогените микроорганизми како бактериите, габите и паразитите лесно се развиваат.

Постојат многу различни нарушувања на функциите на дигестивниот систем, почнувајќи од чиреви, колитис, синдром на иритабилни црева, појава на патогени бактерии, паразити или кандида во тенкото црево, различни нетолерантности на одредени видови храна, нарушување на работата на црниот дроб, камења во жолчката и др. И покрај различната етиологија, сите дигестивни нарушувања се многу непријатни, проследени со различни тегоби и симптоми, а што е најважно директно се поврзани со здравјето на мозокот, на имуниот систем и на други органи во телото. Всушност, многу луѓе немаат никакви конкретни симптоми на нарушување на работата на дигестивниот систем и не се свесни дека здравствените проблеми и специфичните тегоби кои ги чувствуваат во основа може да бидат предизвикани од некое дигестивно нарушување.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Непријатен здив;
  • Зголемени киселини;
  • Грчеви и болки во стомакот;
  • Подуеност и гасови;
  • Честа опстипација или дијареја;
  • Исипи и габични инфекции на кожата;
  • Проблеми со регулација на тежината;
  • Постојан замор и ниско ниво на енергија;
  • Иритабилност, депресија и промени во расположението;
  • Главоболки и слаба концентрација;
  • Проблеми со хормоните;
  • Проблеми со плодноста и друго....

и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ДИГЕСТИВНИ НАРУШУВАЊА е за вас?

Во насока на решавање на основата на проблемите во гастроинтестиналниот тракт и целосно враќање на неговата функција, програмата за дигестивни нарушувања е поделена на неколку фази. Независно од тоа дали станува збор за бактериска, паразитска или габична инфекција, несоодветна секреција на дигестивни ензими и слаба дигестија, малапсорпција на нутриенти или друг проблем, важно е да се започне со намалување на севкупното оптоварување на цревата со патогени микроорганизми, потоа да се продолжи со лекување на гастроинтестиналната обвивка и целосно враќање на нејзината заштитна, секреторна и дигестивна функција. На крајот се завршува со додавање внимателно избрани нутриенти, од храната или како суплементи, кои ќе овозможат населување на цревата со симбиотска бактериска флора која, пак, ќе го врати капацитетот на интестиналниот систем потребен за целосна дигестија и апсорпција на нутриенти, елиминација на токсини и правилна функција на имуниот систем.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ;+389 70 35 55 82.

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.