Мојата лична приказна и патот кон станување нутриционист

Мојата лична приказна и патот кон станување нутриционист

Откако паметам за себе храната играше важна улога во моето семејство. Ја негувавме тредицијата за собирање на семејството за речиси секој оброк. Моите родители ме научија да гo ценам квалитетот на природните намирници и основните нутритивни вредности на различните видови храна, како и потребните вештини и предностите на сопственото одгледување на храна. Уште како дете ја научив важноста на избалансираните, нутритивно богати оброци за нашиот раст и здравје. 

Подоцна во текот на моите тинејџерски години го открив интересот и љубовта кон спортското танцување, хоби кое прерасна во сериозен ангажман. Како долгогодишен натпреварувач и трикратен државен шампион во спортско танцување имав можност да посетувам многу предавања, да учам и да ги следам основите за исхраната на професионалните спортисти, што ми овозможи унапредување на квалитетот на мојот настап. Уште од периодот на спортско танцување постојано читав, истражував и го зголемував моето знаење за храната и исхраната, на почетокот од книги, а подоцна и со следење вебинари  и други едукативни содржини од интернет. Нутриционизмот стана интерес и вистинска страст во мојот секојдневен живот, а денес и самиот како родител сакам да ја споделам и пренесам мојата љубов кон храната и здравата исхрана на моето семејство, а особено на мојата ќеркичка од нејзината најрана возраст.

Во текот на изминатите години посетував и добив сертификати за неколку универзитетски курсеви за нутриционизам, овозможени преку интернет платформа, како:

  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Храната, нутриционизмот и вашето здравје“ од програмата „Open 2 Study“, отворени Универзитети на Австралија, 2014;
  • Сертификат за завршен курс од 7 модули на тема „Основите на нутриционизмот“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен курс на тема „Исхрана за деца“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Исхрана и готвење за деца“ од програмата на Универзитетот Станфорд од САД, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за положен курс на тема „Превенција на остеопороза“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Спектар на аутистични нарушувања“ авторизиран од страна на „UC Davis Institute“ од УНиверзитетот на Калифорнија, САД и понуден преку платформата на Coursera, 2017.

Сакајќи да го надградам сопственото знаење и да ги осознаам информациите од професијата кои ми недостасуваа, на почетокот од 2015 се вклучив во двегодишна универзитетска програма за добивање со титулата Магистар по нутриционизам (на акредитираните студии по нутриционизам при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола). Извонредна академска програма за магистерски студии која комбинира предмети од човечката анатомија и физиологија, заедно со човечкиот метаболизам, биохемијата и хемијата на состојките во храната, вклучувајќи ја и науката за новата, функционална храна и биоактивните состојки во храната, технологијата за производство и процесирање на храната и др. Со задоволство може да кажам дека со највисоката оценка ги положив испитите и проектните задачи по сите предмети.

Дополнително, во текот на последните неколку години и периодот на последипломските студии, секоја година во континуитет следам повеќе годишни меѓународни конференции водени од страна на водечки светски имиња во областа на нутриционизмот и медицината  како: The Diabetes Summit, Thyroid Connection Summit, Fibromyalgia Summit, Medicinal Supplements Summit, Keto Summit, Detox Summit, The Digestive Sessions, Heal Your Gut Summit, Autoimmune Revolution Summit, Healthy Heart Summit, Autism Summit, Autism Recovery Summit, Autism Hope Summit, Alzheimer Awakening Summit, The Truth About Cancer, Women’s Vitality Summit, Hormone Balance After 40, Immune Defense и други.

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.